Кратко за нас

Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања ФЕМИНА М Скопје е доброволна, непрофитна, невладина, непартиска организација формирана со слободно здружување на граѓаните со цел да им понудиме поддршка и информации на пациентите и нивните семејствата засегнати од гинеколошки заболувања,да ја подигнеме свеста за гинеколошките заболувања со посебен акцент на гинеколошките малигнитети, да лобираме да им се овозможи на овие пациенти да имаат подобар и еднаков пристап до квалитетна и современа терапија и современи третмани и лекување кое им е достапнo на пациентите од Западна Европа и останатите развиени земји и преку кампањи и други активности и да го подобриме нивниот квалитет на живот.
ФЕМИНА М
Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања 

Претседател на Здружението :
Милица Кузманоска
+389 70 349 550
milica.feminam@gmail.com
МИСИЈА
Полесен пристап до најнови информации и современи методи на лекување, поврзани со проблематиката на болеста.

Помош и поддршка на пациенти со наши програми и проекти, отворени работилници и форуми во кои ќе бидат вклучени и дел од професионални медицински лица и хуманитарни работници( лекари, психолози, психијатри).
ВИЗИЈА
Нашата визија е да бидеме синоним за пациентско здружение кое поставува нови, покомпетентни и повисоки стандарди во однос на пристапот на лекување на хематолошките и онколошки заболувања. Отварање на нови можности за пациентите кон соодветниот пристап во лекувањето, според примерите на високо развиените здравствени системи, во Европа и во светски рамки.