Актуелно

Информации за ендометријален карцином


Ендометријалниот карцином се смета за најчестиот тип на гинеколошко малигно заболување во Европа. Најчесто се дијагностицира кај жени, во просек на околу 69-годишна возраст, но може да се појави и порано. Овој тип на карцином потекнува од внатрешната обвивка на матката, наречена „ендометриум“.

Термините карцином на матка и ендометријален карцином се употребуваат како синоними. Функционално, ендометриумот се состои од два слоја, базален и функционален слој. Функционалниот слој најпрвин се задебелува, а подоцна се лупи и се исфрла за време на менструалното крвавење. Ова се случува под влијание на неколку хормони, како естрогенот и прогестеронот. Утерусот или матката е инвертиран крушковиден мускулен орган, дел од женските репродуктивни органи, лоциран помеѓу мочниот меур и ректумот. 


Инциденцата на ендометријалниот карцином бележи значителен пораст во последната деценија. Бројот на новодијагностицирани случаи во Европа во 2020 година изнесува 130.051. Генерално, овој тип на карцином има добра прогноза, главно, благодарение на раното дијагностицирање.

Во споредба со ракот на грлото на матката, сè уште нема воспоставено скрининг-методи за ендометријален карцином. Брисот по Папаниколау (ПАП-брис/тест) за утврдување патолошки промени на цервиксот не овозможува детектирање на ендометријалниот карцином. Meѓутоа, кај некои случаи може да се појават знаци на абнормални промени на ПАП-тестот.


Прочитај повеќе ТУКА.

 

Популарни вести

СТАНИ ЧЛЕН НА
ФЕМИНА М