Претставување на 4P-CAN проектот во Европскиот Парламент и Светската Здравствена Организација (WHO)

Регионална канцеларија за Европа, 8-9 Април 2024 година, Брисел, Белгија.

4P-CAN Проектот за персонализирана примарна превенција од рак
со граѓанско учество и овозможување на дигитални и социјални иницијативи ја одбележа првата година од спроведувањето на активностите, докажувајќи дека стратегиите за примарна превенција од рак имаат можност да се адаптираат согласно потребите на граѓаните на Источна Европа и да се создаде нов модел за сите европски граѓани. Освен истражувањата, учиме, споделуваме искуства и се стремиме кон промени.

На 8 и 9 Април 2024 година во Брисел, Белгија, Конзорциумот на 4P-CAN проектот имаше работни средби со претставници на Европскиот Парламент и претставници на Светската Здравствена Организација(WHO)-Регионална канцеларија за Европа.

Првиот ден членовите на Конзорциумот имаа состанок со претставниците на Светската Здравствена Организација(WHO) -Регионална канцеларија за Европа на која се дискутираше за моменталната состојба, достигнувања и планови на проектот 4PCAN под координација на Центарот за Инoвативна Медицина (InoMed).



Вториот ден се презентираше 4P-CAN проектот во седиштето на Европскиот Парламент, на кој Д-р Мариус Геанта, координатор на проектот ги презентираше досегашните и идните активности на проектот. Ова беше одлична можност да се покаже како проектот допринесува во Мисијата на ЕУ за борба против рак, генерирајќи нови стратегии за примарна превенција од рак со вклучување на граѓанскиот сектор и мултидисциплинарен пристап.



Изразуваме особена благодарност до членовите на Европскиот парламент Cristian Busoi , Andrey Kovatchev, Jan-Willem van de Loo , до нашите партнери Charis Girvalaki, Carolina Espina, PhD, MPH и Stefania Boccia и сите членки на Конзорциумот за можноста да ги поместиме границите во примарната превенција од рак.
 



#CancerMissionWorks #4PCanEUParliament #WHO #EUCancerMission
 

Популарни вести

СТАНИ ЧЛЕН НА
ФЕМИНА М