Сеќавање на КОВИД-19, лекции и перспективи

Во време кога светот сè уште се опоравува и учи од пандемијата на КОВИД-19, Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања ФЕМИНА М Скопје, на 28 Февруари 2024 година, одржа еден посебен настан кој ги осветли лекциите научени во текот на последните години, како и идните перспективи за превенција и справување со пандемии.

Предавачи на вебинарот беа: Научен соработник, Д-р сци. Марија Димзова, специјалист инфектолог, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје и Д-р. Катерина Адамова, супспецијалист ендокринолог, ЈЗУ Универзитетска Клиника за ендокринологија, дијабет и болести на метаболизмот - Скопје.

Вебинарот се одржа во рамките на проектот "Подигнување на свеста и разбирање на важноста за превенција од КОВИД-19, кај пациенти со хронични состојби од Романија, Бугарија, Молдавија и Северна Македонија“.

На вебинарот присуствуваа 470 учесници.

Линк до вебинарот: Сеќавање на Covid 19 - лекции и идни перспективи

Популарни вести

СТАНИ ЧЛЕН НА
ФЕМИНА М