Јануари - месец за подигнување на свеста за превенција на рак на грло на матка

Јануари е месец за подигнување на свесноста за превенција на рак на грло на матка и се одбележува интернационално, односно во светски рамки.

Ракот на грлото на матката е седмиот најчест вид на рак кај жените и четврта најчеста причина за смртност кај женската популација воопшто и според статистичките податоци, бројот на жени со оваа дијагноза е значително зголемен во последните години.

Што треба да знаеме?
Главниот причинител за рак на грло на матка е познат, тоа е ХПВ (Human Papilloma Virus) вирусот и затоа овој вид на рак може да се превенира и третира соодветно. ХПВ инфекциите генерално предизвикуваат промени во клетките на грлото на матката кои понатаму можат да доведат до рак. Без оглед на тоа дали постојат препознатливи симптоми или не, потребно е да се прават редовни гинеколошки прегледи, брисеви и скрининзи, заради превенирање и навремено детектирање на промените, а во краен случај и заради поголема успешност во лекувањето на овој вид на рак. Сепак најдобра заштита е имунизацијата против високоризичните форми на вирусот, односно вакцинација со ХПВ вакцина која треба да се администрира кај младата популација на возраст од 12-19 години.

Фемина М, оваа година го одбележува месец јануари во насока на подигнување на свесноста за рак на грло на матка со соодветни едукативни текстови од нашите медицински советници Доц. д-р. Игор Алулоски од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство и Асс. д-р Јасмина Џундева од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Радиотерапија и Онкологија.

Прочитајте на следниот линк : Јануари - месец за подигнување на свеста за превенција на рак на грло на матка 




Популарни вести

СТАНИ ЧЛЕН НА
ФЕМИНА М